Миркуловски: Останувам во црвено-жолтиот дрес додека ме служи здравјето

 

Централниот бек на македонската ракометна репрезентација Филип Миркуловски поради повреда попладнево не беше во можност да им помогне на соиграчите на мечот со Норвешка.

Македонија загуби со 34:24, а токму неговото и отсуството на Дејан Манасков селекторот Лино Червар ги посочи како голем хендикеп за „црвено-жолтите“.

- Кога најмногу сакаш, се случуваат вакви работи, но тоа е спортот. Се обидов да изиграм колку можам, но не бев со состојба. Соиграчите покажаа дека без секој се може. Имавме добра игра во првото полувреме иако не искористивме неколку добри шанси со кои ќе имавме два гола предност на полувремето и натпреварот ќе добиеше поинаков тек, рече Миркуловски.

Што се однесува до неговото останување во националниот тим тој вели дека и понатаму ќе го носи црвено-жолтиот дрес.

- Не се вратив само за ова првенство. Штом се вратив ќе продолжам да играм и понатаму, додека ме служи здравјето. 

 
 
21.01.2017 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега