Червар: Можеме да бидеме горди на играчите
Селекторот на Македонија Лино Червар по денешната елиминација од Норвешка во осминафиналето на Светското ракометно првенство изјави дека е задоволен од постигнатото и упати пофалби до ракометарите.
- Мораме да бидеме реални, тие се малку подобри од нас. Ние со таков хендикеп, без Миркуловски и Манасков, добро игравме во првото полувреме, а во второто снемавме сили и тоа беше пресудно. Можеме да бидеме горди на играчите како тие играа и како што вели Мојсо, „Едно име Македонија“. Благодарност до сите што даваа поддршка. Можеме горди да се вратиме во Македонија. Сакавме да направиме подвиг и да бидеме меѓу најдобрите осум, но за тоа немавме снага. Голем беше хендикепот, по Кире тие се наши лидери играат во силни лиги. Сепак, пофалби за моите избраници. Македонија има иднина со овие играчи и можеме задоволни да и одиме дома, изјави Червар.
Македонија пред малку загуби од Норвешка со 34:24 и остана без пласман во четвртфиналето на Мундијалот во Франција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа