Вујо: Овој бод нека им биде подарок на Македонците од мене
Веселин Вујовиќ со лут поглед и глас кој трепери, пристигна на прес-конференцијата и се обиде да ја оправда бледата Словенија, која едвај стигна до реми против Тунис и ни овозможи да се квалификуваме за осминафиналето на два натпревари пред крајот на групната фаза.
„Тешко е да се објасни што ни се случи денес, можеби бевме уморни, но игравме како со 30% успешност. Сепак задоволен сум со ремито, жал ми е за Тунис и за нивниот селектор, но сега мислиме само на Шпанија и борбата за првото место во групата. Бодот им помогна на Македонците и нека биде оваа реми подарок од мене за сите љубители на ракометот. Нека биде подарок за Кире, за Жути и за цела држава, Мислите ми беа со Македонците кога Јанц израмни. Мора да извлечеме едно големо школо од овој натпревар. На крајот наредив да играме ризично, па дури и да пробаме соо цепелин, заради тоа што сметам дека тоа е наша најдобра варијанта. Ако го анализирам цел натпревар, треба и да се биде загрижен како игравме“, рече Вујо по мечот.
Македонија сега со поголем мир ќе го дочека дуелот со Шпанија и со Исланд ќе одлучува за третото место во групата. Што се однесува до Словенија, момците на Вујовиќ сега имаат уште една пречка, дуелот со Шпанија во кој влогот е првото место во групата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа