Си го ризикуваше животот за да спаси маченце - погледнете што направи храбра тинејџерка од Кочани

Една тинејџерка од Кочани дефинитивно ги засрами возрасните со делото кое го направи. Таа влегла во дупка длабока цели 10 метри за да спаси заглавено животинче, пренесе Канал 5.

Се работи за 16-годишната Кети Зашева која неколку дена молела некој да и помогне од отворена шахта да спаси мало маченце. 

- Кога слегував по скалите од шахтата не размислував за ништо друго,освен на тоа да го најдам несреќното животинче, во овој случај мало маче да е живо. Беше навистина длабоко и темно со силна смрдеа, но тоа не ми пречеше да се симнам до дното и да го најдат изнемоштеното домашно милениче, раскажа пред камерата на Канал 5 храбрата тинејџерка Кети Зашева.

- Решив јас да го решам проблемот, со тоа што јас ќе слезам и ќе го спасам мачето, бидејќи не добив помош од никого, дополни Зашева.

ФОТО: Канал 5

14:51

најчитано сега