ФФМ донираше спортска опрема за 115 екипи во младинска конкуренција

 

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) им донираше опрема спортска опрема и фудбалски топки на екипите од Супер лигата и Првата лига (пионери, помлади пионери, кадетска и младинска конкуренција). Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на 115 екипи кои се натпреваруваат во системот на ФФМ.

– Фудбалската федерација на Македонија повторно го помага развојот на младите категории. Помошта во вид на спортска опрема е многу важна и е од голема помош за екипите и за родителите на децата кои тренираат, истакна Драган Иванов од ФК Силекс.

Координаторот на младинските категории во ФК Брегалница, Драган Христовски вели дека донацијата на спортска опрема е од големо значење за клубовите.

– Реално помош во вид на доанција е од огромно значење за сите екипи. Особено за ФК Брегалница, каде младите категории не влегуваат во системот на спонзорирање, истакна Христовски.

Потегот на ФФМ го поздрави и екипата на Ринија.

– Нека се радуваат децата. Сите млади дечиња со голема радост ја очекуваат опремата, неколку денови само за тоа зборуваат. Благодарност до Федерацијата, вели Скендер Исмаили од ФК Ринија.

Голема благодарност до ФФМ и од ФК Шкупи.

– Грижата за младите фудбалери е основа за светла перспектива на секоја екипа. Донираната опрема и фудбалските топки се голема помош за сите нас, а ние како екипа ќе продолжиме да се грижиме за младите фудбалери и ќе бидеме фокусирани на талентите, истакна Суљо Алијовски од ФК Шкупи.

 
 
16.01.2017 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега