Фалангата на мечот против Ангола ќе биде побројна

 

Во сабота мечот Ангола – Македонија може да биде од витално значење за нашата иднина на Светското првенство во Франција.

Дуелот во вечерниот термин од 20.45 часот со голема веројатно ќе го играме пред повеќе наши од противнички навивачи.

Анголци скоро и да нема во Мец, а со оглед на тоа што доаѓа викенд, голем број Македонци од овој дел од континентот или од татковината ќе пристигнат да ги бодрат Лазаров и другарите. А за билетите не треба да се грижите, ги има во изобилство и тоа по поволни цени

На овој шампионат нема блок билети, па дури и на официјалната билетарница се продаваат билети за сите натпревари одделно. За мечот Ангола – Македонија дури има и билети по цена од 9 евра, што е и тоа како примамливо за македонскиот ракометен вљубеник.

 
 
13.01.2017 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега