Бурсаспор сака да го види Бабунски во своите редови веќе од јануари

 

По заминувањето на Даниел Аврамовски најверојатно и вториот Македонец кој ги брани боите за Црвена Звезда, оваа зима ќе го напушти српскиот гигант.

Македонскиот репрезентативец и еден од најзаслужните фудбалери за големиот успех на нашата млада селекција, која за првпат во историјата ќе игра на едно ЕП, Давид Бабунски, најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Турција, поточно во тимот на Бурсаспор.

Утрово, турските медиуми објавија дека тренерот на Бурса, Хамза Хамзаоглу сериозно се заинтересирал за услугите на нашиот репрезентативец и во него гледал како идеално решение во креацијата на играта.

Пред извесен период Бабунски беше поврзуван и со уште неколку трансфери, но истите веднаш беа демантирани од страна на неговиот менаџер.

 
 
23.12.2016 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега