Голем ден за македонскиот ракомет: Начевски и Николов најдобри судии во свет

 

Македонските ракометни судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, се прогласени за најдобра судиска двојка во светот, во изборот на Светската ракометна федерација (ИХФ).

Македонските арбитри добија најголем број гласови во изборот, со што зад себе ги оставија Данците Гјелдинг – Хансен и Србите Стојковиќ – Николиќ.

Тие ја делеа правдата на Летните олимписки игри во Рио, а ќе судат и на претстојниот Мундијал во Франција в година, продолжувајќи го нивното учество на големите натпреварувања.

 
 
15.12.2016 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега