Платил за поглед на море добил бавча и безобразен газда - прочитајте каков одмор поминал Македонец на Скиатос

 

Македонски турист, изреволтиран од лошите услови во кои бил сместен на грчкиот остров Скиатос, испратил писмо до Трендо и сајтот Оффнет, во кое се жали на одморот уплатен преку една македонска туристичка агенција. 

Изреволтираниот турист во своето писмо тврди дека од македонската туристичка агенција му ветиле соба со поглед на море, а тој добил соба која гледа во задниот дел од дворот на куќата во која престојувал. Еве ги фотографиите кои ги испратил Македонецот до Оффнет.

Македонскиот турист во писмото до редакцијата на Оффнет, раскажува детаљи од одморот на Скиатос. Тој вели дека во собите немало пешкири, топла вода и дека преживувале вистинско малтретирање од газдите на куќата. 

- Греењето на вода за туширање беше исклучиво со сончеви колектори, па навечер не ни сонувај дека ќе има топла вода. А на зајдисонце топла вода има, ама кога ќе влезат во 2 соби луѓе да се тушираат немаше вода, а не топла вода. Повторно беше побарано разбирање од наша страна, бидејќи целиот остров го имал тој проблем, нели, така, разбирате. Далечински од клима и телевизор не добивме и после 6 барања, ама затоа пак повторно – во замена бевме информирани за турите околу островот, пишува туристот.

- Редовно под терасите поминуваше жената на Димитрос, бидејќи, нели, требаше да си копне во бавчата, да си набере домати, итн. А воедно и да провери дали некој ја уклучил климата а не му се двата слоја врати затворени, или пак недај боже светлото во собата или тоалетот преку ден уклучени. По завршената обиколка и поднесен извештај до Димитрос следеше негово санирање на проблемите проследено со викање и дерење (на entry level English), пцуење (на hardcore level грчки). Врв на возбудата беше кога во 3 саат сабајле искочи по гаќи и вриштеше зашто сме седеле до тогаш и сме играле карти и правеле муабет. Цитирам: “agsrwedudsraasdrhopihlksjdra…, tomorrow call Julija…., asghowpetnlagso…, go home…, hasopdrahopriwlngkj…, leave room…, tomorrow…, hwenmlkqwenopghio…, sleep all day – speak night…, lhalsidhroiwehrwebnalrb…, tomorrow…”. Вистина, спиевме по цел ден, 9 сабајле, кога се уклучуваше косалката за трева, раскажува Македонецот.

Тој вели дека не бил задоволен ниту од услугите ниту од цените на целиот остров.

- Што се однесува за Скијатос – Туристичките услуги на ниво, исто и цените. Пример, палачинка е 2.5евра, ама тоа е без ништо во неа. За крем обичен 0.5 евра доплата, за банана 0.5е, за нутела 1е, итн. Во гирото ако не си побараш кечап или сенф, во никој случај не иде. Чисто да не им се меша на трите компирчиња кои се бркаат во питата, пишува туристот, додавајќи дека се случувало во рестораните да им биде наплатено и за ненарачани апетисани, сосови или лепињи.

- Секоја чест на ретките исклучоци. На пример хотелот над нас, каде после 17:00часот си нарачуваш коктел(иште) за 5 евра и се бањаш во базенот со солена вода (со поглед на море) и неограничено интернет, лежалки, итн. Или пак на пример ресторанот до нас, каде имаше една фасцинантно релаксирана атмосфера, каде можеш да си играш со кучето, пиеш пивце, седиш на интернет, па и да добиеш некоја кригла гратис, од куќата, пишува револтираниот Македонец.

Целото писмо прочитајте го на Оффнет.мк

 

најчитано сега