Победи на Германија и Шпанија на Европското првенство за ракометарки
На женското Европско ракометно првенство што се одржува во Шведска попладнево се одиграни првите натпревари од 3.коло од групната фаза.
Во рамките од А групата, европскиот вицепрвак на Шпанија ја победи селекцијата на Словенија убедливо со 30-18. Вечерва во оваа група ќе играат домаќинот Шведска и лидерот во оваа група Србија.
Во пресрет на овој меч Србинките имаат максимални 4 бодови, додека по два собраа Шпанија, Шведска и Словенија.
Во натпреварот од групата Б, ракометарките на Германија минимално ја совладаа Полска со 23-22, со што го потврдија својот пласман во втората фаза, додека нивните противнички и дефинитивно остануваат без можност.
Во вториот натпревар од оваа група Французиките ќе играат против Холандија. По некомплетното 2.коло во оваа група на табелата водечка е Франција со 4 бодови, колку што има и Германија, трета е Холандија со 2, а последна Полска без освоен бод.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа