Манчестер Јунајтед во полуфиналето, Арсенал елиминиран од ЕФЛ Купот

 

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед изборија пласман во полуфиналето на ЕФЛ купот по победата над Вест Хем со 4:1 во рамките од четвртфиналето.

По два гола во триумфот на „црвените ѓаволи“ постигнаа Златан Ибрахимовиќ и Ентони Марсијал, додека стрелец за гостинскиот тим беше Ешли Флечер.

Во второто четвртфинале одиграно синоќа Саутемптон го совлада Арсенал со 2:0 на „Емирати“ во Лондон. Саутемптон победи со головите на Жорди Класи и Рајан Бертранд постигнати во првиот дел.

Во вторникот пласман во полуфиналето обезбедија Ливерпул со триумфот од 2:0 над Лидс и Хал откако на пенал беше подобар од Њукасл.

Во полуфиналето ќе играат:

Манчестер Јунајтед – Хал и 
Саутемптон – Ливерпул.

Првите натпревари се играат на 10 или 11 јануари 2017, а реванш дуелите 24 или 25 јануари 2017. 

 
 
01.12.2016 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега