Бизарна смрт: Загина шаховскиот велемајстор

 

Шаховскиот свет е завиен во црно откако е објавена веста дека шаховскиот велемајстор, Јуриј Јелисејев (20) загина во бизарна несреќа во Москва. Неговиот колега Данил Дубов откри дека Јелисејев паднал од 12-тиот спрат откако се обидел да скокне од прозорецот на блискиот балкон.

Меѓутоа, уште побизарна е причината на опасната игра - Јуриј не ги заборавил клучевите или нешто слично, туку бил дел од екипата која се занимава со качување по балкони, покриви, високи огради и мостови. Своите опасни авантури ги снимале и ги објавувале на социјалните мрежи. За жал, Јелисејев очигледно шахот не го исполнувал доволно со адреналин, па од хоби одел по рабовите на високите облакодери во Москва, пишува руска „Газета“.

Јелисејев станал шаховски првак уште во 2012 година, а титулата велемајстор ја заработил на 17 години. Оваа година го освоил престижниот турнир Москва Опен и се искачил на 42-то место на најдобри шахисти во Русија. На светот бил рангиран 212.

 
 
28.11.2016 - 20:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега