Кире Лазаров влегува во историјата, му недостигаат уште 11 гола за да ја комплетира „илјадарката“ (ВИДЕО)
Македонија го има еден од најголемите ракометари во историјата на овој спорт.
Кире Лазаров речиси две децении жари и пали на терените ширум Европа, носејќи ја и Македонија кон нови успеси на репрезентативен план.
Денеска Кире и другарите имаат чешки предизвик во Плзен, а тој ќе се обиде да стигне до „илјадарка“ во националниот тим. Досега Кире Лазаров, според ЕХФ, има постигнато 989 голови во дресот на македонската ракометна репрезентација.
Може ли денеска во Плзен уште еднаш да распали и против Чешка и да стигне до илјадарката?! Сите ние тоа го посакуваме и ќе држиме среќа.
05.11.2016 - 13:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа