ФИФА ја казни Хрватска поради националистичко навивање
Светската фудбалска федерација (ФИФА) го казни Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) со 50.000 швајцарски франци, поради националистичко навивање и пеење националистички песни на хрватските навивачи.
Имено, дисциплинската комисија на ФИФА реши да ги казни само хрватските навивачи, кои заедно со албанските од Косово, заедно скандираа против Србите: „Убиј, убиј, го Србинот“, пред мечот Албанија - Хрватска, што се одигра во Скадар, во рамките од квалификациите за Светското првенство што во 2018 година ќе се одрежи во Русија.
Воедно дисциплинската комисија на ФИФА го предупреди ХНС да внимава на начинот на идното однесување на навивачите, бидејќи во случај на појава на сличен инцидент Хрватите ќе бидат санкционирани поригорозно.
ХНС смета дека казната е релативно блага со оглед на околностите, бидејќи дисциплинската комисија на ФИФА ги уважила нивните аргументи во врска со напорите вложени во организацијата на мечот против Косово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа