Ливерпул за Кутињо бара 75 милиони евра, ПСЖ подготвен да ја плати сумата
Премиерлигашот Ливерпул е подготвен да се откаже од својот најдобар фудбалер, Филипе Кутињо, но само ако некој понуди 75 милиони евра.
Францускиот шампион ПСЖ сериозно размислува да ги исполни високите финансиски барања и да испрати понуда на „Енфилд“ со споменатиот износ, објавија француските медиуми.
Голем интерес за Кутињо покажува и Барселона, а бразилскиот фудбалер во неколку наврати истакна дека би сакал да се испроба на „Камп Ноу“.
Кутињо и оваа сезона е во одлична форма и е еден од најзаслужните што Ливерпул се наоѓа во горниот дел на табелата во Премиер лигата.
Тој е член на Ливерпул од јануари 2013 година, а претходно играше за Интер, Еспањол и Васко де Гама.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа