Минатата година во ЕУ запленети фалсификувани производи во вредност од милијарда евра

 

Цариниците во Европската унија во 2012 година конфискувале фалсификувани производи вредни речиси милијарда евра, при што најголемиот дел од нив потекнуваат од Кина, соопшти денеска Европската комисија.

Еврокомесарот за царини Алгирдас Семета истакна дека фалсификуваните производи го поткопуваат легалниот бизнис, а, исто така, ја загрозуваат и безбедноста на потрошувачите.

Како што јави ДПА, лани се запленети приближно 40 милиони фалсификувани производи, што е многу помалку од 115-те милиони конфискувани во 2011 година. Ваквото намалување Европската комисија го припишува главно на смалената испорака на фалсификувани производи.

Цигарите се на врвот на списокот на фласификувани производи, а по ниц следат пијалоци, лампи, лепила, батерии и детергенти, наведува Европската комисија. 

ФОТО: Денешен

најчитано сега