Ракометарите со победа го стартуваа патот кон СП: Македонија подобра од Украина
Македонската ракометна репрезентација ја постигна првата победа во квалификациите за Европското првенство во Хрватска 2018, откако вечерва ја победи Украина со 27:21 (13:10).
По изедначениот почеток и по водството на Украина од 5:4, нашите ракометари направија серија од 7-2 и поведоа со 11:7 и првпат имаа четири голови разлика. До крајот на првиот дел нашите ја одржаа предоста од 3-4 голови разлика.
Во вториот дел, Украина намали на два разлика, но повторно Македонија со серија од 5-1 дојде до пет голови предност (22:17 во 48.минута). Во финишот на дуелот Македонија само ја потврди победата.
Најефикасен кај Македонија со 12 гола беше Кирил Лазаров, додека Дејан Манасков постигна 6.
Македонија следниот натпревар од квалификациите од групата 4 го игра во Плзен в сабота против Чешка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа