Пред мечот во ЛШ против Барселона: Евакуиран стадионот на Манчестер Сити

 

Само неколку часа пред големата пресметка на Манчестер Сити и Барселона на „Етихад“, сите кои се наоѓале на стадионот, вработените како и навивачите, биле евакуирани од објактот поради безбедност.

Еден од фановите кој бил присутен блиску до стадионот на друштвената мрежа Твитер, напиша:

„Се се евакуира од Етихад, алармот е вклучен!, но не се знае зошто се случила евакуацијата. Веќе има повеќе фотографии пред Етихад, кои кружат низ друштвените мрежи, а кои сведочат за напнатата ситуација пред стадионот на Манчестер Сити“.

Барселона вечерва гостува во Манчестер, по трите победи кои ги оствари во досегашната сезона во групата фаза од ЛШ. По првоерката утврдено е дека станува збор за аларм за пожар, кој се уклучил без при тоа ништо да гори. Нема никакви пречки за одигрување на натпреварот со Барселона.

 
 
01.11.2016 - 20:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега