Гризман во ПСЖ за 100 милиони евра
Шампионот на Франција ПСЖ е подготвен да тргне во нова акција со која ќе го обезбеди потписот на најдобриот играч и стрелец на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.
ПСЖ по заминувањето на Ибрахимовиќ има проблеми во нападот, тимот со новиот тренер Унаи Емери не игра според очекувањата, поради што раководството решило уште во јануарскиот преоден рок да ја активира откупната клаузула во договорот на Антоан Гризман, која изнесува 100 милиони евра.
Спортскиот директор на ПСЖ, Патрик Клајверт, го означил Гризман како прва цел во јануарскиот преоден рок, откако пред неколку месеци францускиот првак не успеа да ги заврши преговорите со Бразилецот Нејмар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа