ОФИЦИЈАЛНО: Кристопанс три години во Вардар

 

Највисокиот играч во лигата на шампионите сезонава, со 213 см. реши својата кариера да ја продолжи во Македонија како дел од тимот на Вардар.

Кристопанс кој е стандарден дел од репрезентацијата на Летонија ја засилува позицијата десен бек во редовите на македонскиот машки ракометен шампион, од каде на крајот од сезоната ќе си замине Алекс Душебаев.

Минав две извонредни години во Брест каде имав мотивиран и перспективен тим. Сега е време за продолжување натаму во мојата професионална кариера и затоа најмногу го одбрав Вардар.

Имаше многу други заинтересирани топ клубови, од Германија, Шпанија, Унгарија, Белорусија. Сепак, Вардар ми понуди најдобри услови за унапредување како професионалец, овој клуб е еден од најамбициозните во светот во моментов“ – истакна Кристопанс за официјалната веб-страница на „црвено-црните“.

Договорот е на три години почнувајќи од сезоната 2017/2018.

 
 
26.10.2016 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега