СКАНДАЛ: ФИФА повторно ја казнува Шпанија поради трансфери на малолетни играчи!

 

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска најави дека по втор пат ќе го казни Шпанскиот фудбалски сојуз поради прекршување на правилата во врска со трансфер на малолетни играчи од странство.

ФИФА објави дека ФС на Шпанија прекршил неколку одредби при трансферот и регистрација на млади играчи во екипата на Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, кои поради тоа се суспендирани за следните два преодни рока.

Претходно, шпанскиот сојуз беше казнет со 220.000 швајцарски франци поради сличен прекршок со Барселона.

Од ФИФА нагласуваат дека претстојната казна ќе биде последен укор и предупредување пред сериозни санкции.

 
 
25.10.2016 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега