Футсал магионичарот Рикардињо во декември ќе го гледаме во Скопје

 

Најдобриот футсал фудбалер на денешницата, Рикардињо, заедно со португалската селекција, во декември ќе гостува во Скопје на „Турнир на трите нации“ што ќе го организира Македонија. На овој турнир ќе гостува и футсал репрезентацијата на Хрватска, а овие мечеви ќе бидат подготвителни за нашиот национален тим за следниот квалификациски циклус.

- Јас како директор на репрезентацијата денеска успеав преку моите долгогодишни пријателства со селекторите и тим менаџерите на неколку врвни репрезентации да договорам неколку пријателски натпревари и турнири. Еве ексклузивно, ја споделувам оваа вест, македонските љубители на футсалот и спортот воопшто, ќе имаат можност да го гледаат најдобриот футсал играч во моментов на планетата, Рикардињо, во декември оваа година во ВИП арената во Скопје. Со мојот долгогодишен пријател, селекторот на Португалија, Хорхе Браз, како и со селекторот на Хрватска, Мато Станковиќ, договоривме турнир на три нации кој ќе се одржи од 5. до 7. декември во Скопје. Ете покана до сите љубители на спортот да дојдат и да уживаат во мајсториите на Рикардињо“ - изјави Васко Скендеровски, директорот на футсал репрезентацијата на Македонија, кој беше на ждребот во Нион.

 
 
22.10.2016 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега