Одредени двојките за четвртфиналето на Купот на Македонија

 

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денеска беа извлечени двојките за четвртфиналето на Купот на Македонија. Бранителот на пехарот тетовска Шкендија ќе игра против екипата на Шкупи, додека шампионот Вардар го доби второлигашот Металург.

Во другите две четвртфинални двојки ќе играат: Пелистер – Силекс и Победа – Брегалница.

Првите натпревари се играат на 23. ноември со почеток во 13:30 часот, а реваншите се закажани за 7.декември во 13 часот.

 
 
21.10.2016 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега