Безмилосни разбојници претепале и ограбиле скопски таксист

Три непознати лица вчера вечерта го нападнале скопскиот таксист Џ.С.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил вчера во 20:40 часот, на улицата “Коста Абрашевиќ“ во Скопје. Тројца разбојници го нападнале 55 годишниот Џ.С. од скопско Кондово, возач во такси компанијата “Стил“. Насилниците го претепале возачот со клоци и тупаници, му одзеле паричник во кој имало 5.000 денари и лични документи и избегале.

Полицијата трага по сторителите.

 

најчитано сега