Еден загинат четири момчиња тешко повредени - детали од трагичната сообраќајка кај Свети Николе

Како што веќе објавивме, едно лице загина рано изутрината во сообраќајна несреќа што се случила на патот Куманово-Свети Николе-Овче Поле.

Полицијата соопшти дека во несреќата што се случила околу 4:30 часот, животот го загубил Јордан М. (36) од Кочани, кој управувал автомобил „Алфа Ромео“ со словенечка национална ознака. Во сообраќајната несреќа учествувало и товарно моторно возило „ТАМ“ со кумановски таблички управувано од Д.А.(26) од Куманово.

Во незгодата на лице место починал Јордан М., а со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник С.Л.(26) исто така од Кочани, кој  по укажаната лекарска помош во  Медицинскиот центар во Штип е пренесен на лекување во Ургентниот центар во Скопје.

Лицето кое го управувало товарното возило и двајцата негови сопатници Б.Т.(27) и О.К.(27) од  Куманово се здобиле со телесни повреди и се пренесени на лекување во Медицинскиот центар во Штип.

На местото на незгодата извршен е увид од екипа од Полициската станица во Свети Николе, истражен судија и јавен обвинител. 

најчитано сега