Млад кочанчанец загина во стравична несреќа - се скршија автомобил и камион пред Свети Николе

Како што дознаваме, утрово околу 4:30 часот се случила страотна сообраќајна незгода на патот Куманово - Свети Николе.  

Несреќата се случила во 4:30 часот, пред влезот во Свети Николе, кога се судриле автомобил и товарно возило. Според нашите информации, загинал возачот на автомобилот, 36 годишниот Јордан М. од Кочани.

Надлежните екипи се на терен и ги вадат лицата од возилата. Сообраќајот е во прекин уште од 4:30 часот утринава.

најчитано сега