ФОТО: Прва лидерска средба Заев - Ахмети во Мала Речица

 

Денеска, лидерот на СДСН Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети, одржаа лидерска средба во седиштето на ДУИ во Мала Речица.

 

Според досегашните информации, двајцата лидери разговарале за спорот за името, политичкиот дијалог во земјава, настаните од 24. декември, деблокирање на евроатланските интеграции и за општата економска состојба во државата.

Ова е прва лидерска средба на двајцата претседатели, иницирана од претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Се очекуваат официјални соопштенија од двете партии со заклучоци за средбата на Заев и Ахмети.

ФОТО: А1Он

 

најчитано сега