Крадците чекале да дојде празник за да се богатат - беровчанец остана без 1,6 милиони денари

Во текот на вчерашниот ден, засега непознат крадец влегол во куќата на 42 годишниот Г.Б. и си заминал со 1.600.000 денари.

Како што информираат од полицијата, натрапникот се прекалил преку терасата од куќата, ја пребарал и откако се натоварил со “пленот“, избегал оттаму. Арамијата си заминал со 1.010.000 денари, 2 150 евра и поголема количина златен накит, со што е причинета материјална штета од околу 1.600.000 денари.

Полициската станица-Берово превзема мерки за пронаоѓање на сторителот. 

 

најчитано сега