Крадец се натоварил со злато тешко 30.000 евра - празнична кражба во Тетово

Во текот на вчерашниот ден, на улицата „Јован Ончевски“ во Тетово, крадец влегол во куќата на М.О. (57) и одзел поголема количина златен накит.

Според МВР, крадецот влегол преку балконската врата од куќата, влегол внатре, го нашол богатството и избегал.

Во рацете на натрапникот завршило злато “тешко“ 30.000 евра. Тетовската полиција превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.    

 

најчитано сега