Со завеса врзале инвалид од Скопје и го ограбиле - монструми шетаат низ земјава

Тројца разбојници ноќеска безмислосно нападнале и ограбиле 59 годишен инвалид од СКопје.

Според информациите од МВР, тројцата разбојници влегле во куќата на скопјанецот во кумановско Стрезовце, со парчиња завеса му ги врзале рацете додека спиел и од под перницата му земале несесер во кој имало 7.850 денари, 9 555 евра и мобилен телефон. Разбојниците веднаш избегале од местото на настанот

Скопјанецот бил оштетен за околу 601.000 денари.

Кумановската полиција превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.

најчитано сега