Охриѓанец се обеси во својот дом
Утрово, на улицата „Славеј Планина“ во Охрид, блиски роднини го пронашле безживотното тело на 50 годишен охриѓанец. Според охридското Мх радио, охриѓанецот се обесил во семејната куќа.
Соседите од околните куќи на „Славеј Планина“, за Мх Радио изјавиле дека охриѓанецот важел за мирен и работлив човек.
На телото, пренесува Мх радио, немало никакви траги на насилство. Надлежните вршат увид на местото.