Јарболите празни граѓаните разочарани - Илинден без знамиња во Струга
Иако денеска цела Македонија го слави големиот празник Илинден, на улиците во Струга нема нжмакедонски знамиња, објавува Телма. СПоред телевизијата, државни знамиња може да се забележат само на неколку индивидуални згради и објекти.
Граѓаните на Струга за Телма коментираат дека не ги чуди што празникот минува без знамиња, како што налага законот. Според нив, така е од 2004 година, кога со Законот за територјална организација општините Струга, Велешта, Лабуништа и Луково се споија во една.
-Не е добро постои закон кој треба да се почитува.
-Треба да има знамиња, сепак е државен празник-коментираат стружани за Телма.
ОК ВМРО-ДПМНЕ реагираа на ваквата атмосфера, истакнувајќи дека неистакнувањето на македонските знамиња на празник, е пропуст на градоначалникот Зијадин Села. Оттаму сметаат дека тој треба да биде санкциониран од надлежните институции.
-Градоначалникот Села си го покажа вистинското лице. Се она што кажуваше по изборите дека ќе биде градоначалникот на сите граѓани на Струга паѓа во вода. Со овој потег тој на некој начин го изреволтира македонското население кое што живее тука, истакнал за Телма, Перо Петкоски -ОК ВМРО ДПМНЕ.
Струшкиот градоначалник Зијадин Села, пак, во телефонски разговор за Телма изјавил дека непоставувањето на државните знамиња на празникот Илинден, е пропуст на јавното комунално претпријатие. Тој најавил дека пропустит ќе биде корегиран и дека во текот на денот знамињата ќе бидат поставени на јарболите на улиците во Струга.