Гевгелија и официјално доби нова автобуска станица

 

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска присуствуваше на свеченото предавање во употреба на новата автобуска станица во Гевгелија за чија изградба беа инвестирани 12 милиони денари од буџетот на Општината.

- Ова е само еден од многуте проекти што градоначалникот Франгов ги вети и ги реализира. Автобуската станица значи многу за подобрување на услугите кон граѓаните и затоа Владата и во иднина ќе ги поддржува проектите што ќе го подигаат квалитетот на животот, рече во своето обраќање министерот Јанакиески.

Следен голем предизвик, подвлече, е решавањето на проблемот со вода за пиење во Гевгелија.

- Парите за проектот се обезбедени и се надевам дека многу брзо ќе почне реализацијата, посочи Јанакиески.

Градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов изрази задоволство што се реализира еден од проектите што беше на неговата приоритетна листа.

- Со новата автобуска станица Гевгелија исполни уште еден услов за добивање модерен транспортен центар. Станицата ќе го растовари градскиот сообраќаен метеж затоа што автобусите нема повеќе да влегуваат во градот. Таа ги задоволува и оптималните потреби од простор за паркирање, така што моментно е целосно функционална, рече Франгов.

Изградбата на автобускат астаница, како што нагласи,  е потврда дека општината продолжува со финализирање на проектите кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните, што е нејзина примарна цел.

најчитано сега