Нов земјотрес го стресе Скопје утринава
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје.
Овој земјотрес се случи во 04 часот и 55 минути, со Рихтерова локална магнитуда 1.6. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
16.09.2016 - 08:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа