Дечињата повредени на рингишпилот пуштени на домашно лекување

 

Десет деца се повредени синоќа при уривање на рингишпил во местото Мали Црнци во близина на српскиот град Пожаревац.

Како што објави електронското издание на весникот „Блиц“, четири од децата се здобиле со посериозни повреди.

Против сопственикот на рингишпилот ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност. Тој работел без дозвола, а порано имал фирма, но ја одјавил.

Инаку, дечињата се подобро и се пуштени на домашно лекување.

ФОТО: Нова Тв

најчитано сега