Продуктивна седница на Советот на општина Струга - формирани комисиите и избрани членовите на управните одбори
Советот на општина Струга на денешното продолжение на втората седница ги формираше комисиите и избра членови на управните одбори на повеќе јавни претпријатија.
Перо Петкоски од ВМРО-ДПМНЕ позитивно го оцени и процентуалното учество на советници во комисиите.
- Задоволни сме од текот на седницата. Точките поминуваат лесно, се гласа нормално, а ситните проблеми се решаваат, изјави Петкоски.
Советникот Даме Ложаноски од СДСМ, член на Комисијата за мандатни прашања и именувања посочи дека на седницата на Комисијата со консензус ги донеле сите предлози, по кои одлучувале.
Во продолжението на втората седница, која почна во петокот, но порадни немањето комисии беше одложена, дневниот ред беше променет, односно од 51 намален на 27 точки.
ФОТО: Плусинфо