Вучиќ: Не треба да има предвремени избори во Србија

 

Лидерот на Српската напредна партија и прв српски вицепремиер Александар Вучиќ денеска изјави дека побарал од Претседателството на неговата партија да не размислува за предвремени избори бидејќи тие сега не се најдобро решение за Србија.

- Тие едногласно го прифатија моето барање. Избори не се најдоброто решение за Србија. Пред нас се наоѓаат голем број важни договори и стабилноста е значајна. Најголемиот проблем, кој веројатно е нерешлив, е атмосферата во која работи Владата, истакна Вучиќ по седницата со раководството на СНС.

ФОТО: Плусинфо

 

најчитано сега