Го каснала змија а брзата помош не дошла бидејќи немала гориво
47-годишниот Часлав Ракиќ од Србија доживеал вистински хорор кога го каснала змија додека берел сливи, но не можел веднаш да добие медицинска помош бидејќи брзата помош која веднаш била повикана немала гориво, па му било кажано самиот да се снајде, и ако може да дојде до клиниката, пренесе Ало.рс.
Часлав од полето каде го каснала змијата до дома трчал речиси еден километар. На почетокот мислел дека се боцнал на коприва, но потоа видел долга змија како застанува пред него во полето. Според зборовите на неговата сопруга, во тие моменти останал доста присебен.
Бидејќи од болницата не можеле да дојдат, неговиот син веднаш дошол, го однел во болница и сега човекот е во добра здравствена состојба.