Откриени оружје и експлозиви во гумен чамец крај грчкиот остров Иос
Најмалку шест лица се уапсени, а 12 други се приведени на распит пред истражен судија, во рамки на антитерористичка операција на грчката полиција, откако вчера крај брегот на островот Иос во Егејско море беше открен гумен чамец што превезувал оружје и експлозиви.
За настанот четири лица се уапсени во чамецот со оружје и експлозиви, додека девет, пак, биле приведени во грчкиот главен град.
Приведените главно се странци, но меѓу нив има и Грци. Според грчките месдиуми, поголем дел од приведените странци се Турци.
Полицијата смета дека оружјето и експлозивите биле наменети за извршување напади во Турција. Нивното превоз бил организиран од група шверцери на оружје.
ФОТО: Региони