Се урна рингишпил во Србија - десет дечиња завршија во болница
Десет деца се повредени синоќа при уривање на рингишпил во местото Мали Црнци во близина на српскиот град Пожаревац.
Како што објави електронското издание на весникот „Блиц“, четири од децата се здобиле со посериозни повреди, но засега нема имформации дали некои од нив се во животна опасност.
Повредените деца се хоспитализирани во болницата во Пожаревац.
Причините за уривањето на рингишпилот засега не се познати.