ЕУЛЕКС нема да си замине од Косово
Високи претставници на Европската унија изјавија дека и покрај економските потешкотии во ЕУ, таа планира мисијата ЕУЛЕКС на Косово да продолжи да функционира и по истекување на нејзиниот мандат во јуни следната година, пишува приштинскиот весник „Трибуна“.
- Ќе има промени, но не и затворање на мисијата, изјави за весникот европски претставник, кој прецизираше дека мисијата ќе биде преструктуирана, а нејзиниот состав ќе биде намален.
Останатиот персонал на мисијата ќе биде поделен на три оддели. Едниот ќе биде задолжен за борбата против корупцијата и организираниот кримина и ќе работи независно по моделот на специјалните служби за борба против мафијата во некои западни земји. Вториот оддел ќе има улога на набљудувач и советник на косовските институции, а третиот ќе се фокусира на северно Косово и имплементирањето на спогодбата за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
ФОТО: А1.он