Крвава драма во Србија: Мајка со секира го убила синот алкохоличар

 

67-годишната Даница Тот Кираљ од Суботица со секира го убила синот алкохоличар па се пријавила во полиција, јавува Блиц.

Убиениот Сергеј Тот Кираљ многу пиел и психички ја малтретирал мајка му,па жената не можејќи веќе да издржи го убила.

- Само во последните денови Брзата помош барем пет пати го носеше Сергеј во состојба на тешко пијанство. Тој еднаш лежеше пијан и среде улица. Даница ми се жалеше дека тој е постојано пијан и дека повеќе незнае што да прави. Во последно време и таа знаеше да испие некоја чаша, затоа што веќе не можеше да се справи со тој проблем. Еден ден пред трагедијата таа беше кај нас и пиеше кафе, а тоа утро беше на гробишта, за да запали свеќа на гробот на нејзиниот девер. Разговаравме кратко на улица, не приметив ништо невообичаено, така што не верувам дека планирала да го убие. Кој знае што се случило во нивната куќа и што му претходело на убиството, вели Петар Добриќ, сосед на семејството Тот Кираљ, за Блиц.

Кога брзата помошт стигнала на местото на настанот, синот уште давал знаци на живот, а потоа кога бил пренесен во болница, им подлегнал на повредите.

ФОТО: Утрински

најчитано сега