Отпушок од цигара ја запалил болницата во Босна
Истрагата за пожарот во болницата во Босна покажа дека виновник за настанувањето на пожарот бил неизгаснат отпушок од цигара.
Иако полицијата сеуште ги нема објавено официјалните податоци, медиумите тврдат дека до штета поголема од 12,5 милиони евра дошло поради неизгасната цигара.
Инаку, во болницата која изгоре во Босна за среќа нема жртви. Вработените и докторите, како и храбри граѓани од пламените јазици спасувале пациенти и новороденчиња. Пожарот најпрво го зафатил педијатриското одделение.
Евакуираните 400 пациенти, беа веднаш преместени во блиските болници.
ФОТО: Сител