Строс-Кан советник на Владата во Србија?
Поранешниот директор на Меѓународниот монетарен фонд и некогашен француски министер за финансии, Доминик Строс-Кан, би можел да стане советник на Владата на Србија, јави МИА.
Француските медиуми, кои го изнесуваат ваквото тврдење, се повикуваат на агенцијата ИТАР-ТАСС и на белгардслиот весник „Данас“, кои отворено го посочуваат Строс-Кан како нов советник на српската Влада.
Строс-Кан неодамна стана член на Управниот одбор на руската банка БРДР, чиј мнозински сопственик е нафтениот гигант „Росњефт“.
ФОТО: Нова ТВ