Се одложува елетронската наплата во приватните автобуси

 

Поради големите материјални штети на приватните автобуси кои ги зафати невремето во Скопје и околината, директорот на "Слобода превоз", побара одложување на новиот систем на наплата, поради штетите во автобусите.

Одлкуата е донесена од страна на Советот на Град Скопје, со која рокот за почеток на функционирање на електронскиот систем на наплата во приватните автобуси се одложува за 01.01.2017 година.

Оваа одлука Советот на Град Скопје ја донесе врз основа на барањето на ДППУ Слобода Превоз ДООЕЛ и Макекспрес превоз ДОО, поради обемните дождови кои го зафатија Скопскиот регион, а како последица од поплавите, повеќе возила – автобуси се оштетени

 
 
25.08.2016 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега