Трајковски и Трајановски извршија увид во полавените подрачја
Градоначалникот Тони Трајковски, градоначалникот Коце Трајановски и директорот на ЈП „Улици и патишта “ Синиша Ивановски беа во работна посета во н.м Сингелиќ каде направија увид на работите кои се во тек, за санација и тампонирање на улиците кои беа оштетени во невремето.
Градоначалникот Трајковски изјави дека околу 30 км од патната инфраструктура е оштетена во поплавата и дека штетата е проценета на околу 5 милиони евра.
Тој се заблагодари на општините и на Градот Скопје кои донираа средства и рече дека истите ќе бидат употребени за санација на штетите од невремето и за санирање на патната инфраструктура.
Во наредните денови според приоритетите ќе се работи на средување на улиците и нивно тампонирање.
Во н.м Сингелиќ се исчистени сите улици, во голем дел е исчистено и ѓубрето, целосно е исчистена и привремената депонија која беше лоцирана во дворот на основното училиште, а се продолжува и со чистење на каналите. Главниот канал кој поминува низ Синѓелиќ комплетно ќе биде исчистен за неколку дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа