Хеморагичната треска однесе уште еден живот во Косово
Во Косово регистрирана е и седмата жртва на хеморагична треска, јави МИА. Се работи за 34-годишен маж од селото Астразум кој во Клиниката на Косово бил донесен пред околу десетина дена. За жал, и покрај напорите кои ги давале лекарите, сепак не можеле да го спасат.
- Во клиниката имаме уште шест пациенти. Кај двајца од нив е потврдено присуството на вирусот „криме конго” во крвта, изјави инфектологот Салих Ахмети.
Инаку, пред еден месец во Косово беше регистрирана и шестата жртва од хеморагична треска, а се работеше за мало бебенце.
ФОТО: Денешен