Средбата на лидерите на трите најголеми партии во Србија заврши без договор

 

Средбата на лидерите на трите најголеми партии во владејачката коалиција во Србија синоќа заврши без договор околу планираната реконструкција на Владата, пренесе Танјуг.

- Вечерва нема да има изјави на учесниците на средбата, ниту соопштение. Состанокот беше оддржан зад затворени врати во кабинетот на премиерот Ивица Дачиќ и траеше повеќе од  четири часа, изјави синоќа Михајловиќ.

Во пресрет на синоќешната средба на владиното лидерско трио, во некои белградски медиуми се појави шпекулација дека премиерот и лидер на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ ќе бара во рамки на реконструкцијата од функциите да заминат министерот за финансии и економија и лидер на Обединетите региони на Србија (УРС), Млаѓан Динкиќ и првиот човек на Министерството за образобвание и наука, социјалистот Жарко Обрадовиќ.

најчитано сега