Папата порача: Хомосексуалците не треба да се осудуваат!
Папата Франциско е првиот поглавар во историјата на Римокатоличката црква кој јавно порача дека хомосексуалците не треба да се осудуваат ниту маргинализираат туку да се интегрираат во општеството.
Папата наведе и дека забраната на Римокатоличката црква жените да бидат свештеници е дефинитивна, додавајќи оти тој би сакал тие да имаат повеќе удел во административните работи и пасторалните активности.
- Црквата за тоа донесе став и одговорот гласи не - вратата е затворена, посочи папата.