Временските неприлики направија проблем: Прскањето против комарци одложено за утре
Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради нестабилните временски услови и силниот ветер кој го попречуваше летањето на авионите и разнесувањето на средствата за дезинсекција, се одложи закажаната авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на поплавеното подрачје, којашто требаше да се рализира денеска.
Вонредното прскање коешто ќе се изврши заради настанатата состојба во поплавеното подрачје, односно од Бутел до Илинден, Арачиново, Ченто, Стајковци, Страчинци, Црешево, Инџиково, Виниче,Смилковци и на другите населени места коишто се поплавени, ќе се реализира утре во периодот од 5 до 9 часот доколку времските услови го дозволат тоа.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа